На новоизбраниот шпански европратеник Карлес Пуџдемон не му било дозволено да влезе во Европскиот парламент, објавија медиумите во Брисел.
Откако вчера се обидел да земе пропусница од ЕП во Брисел, Пуџдемон поминал на проверка за безбедност, но бил спречен од обезбедувањето. На Пуџдемон му било кажано дека не е во списокот на лица со право на пристап до зградата.
Списокот се подготвува по податоци од државате чии граѓани се избрани за европратеници. Шпанските власти не му го внеле името во списокот до администрацијата на ЕП, и поради тоа нему не му било дозволено да влезе во зградата.
Пуџдемон избега во Белгија во 2017 година по неуспешниот обид за прогласување на Каталонија за независна држава. Тој е обвинет од шпанските власти за поттикнување бунт.