Најмалку 21 лице загинаа, а околу 30 се повредени во судир меѓу автобус и камион во државата Веракруз во источниот дел на Мексико, објавија локалните власти.

Деветнаесет лица настрадаа на самото место, а двајца им подлегнаа на повредите, изјави началничката  на цивилна одбрана, Гвадалупе Осорно.

Автобусот превезувал верници, кои биле на поклоничко патување.