Бекот на Зенит, Алекс Ренфро, за момент го шокираше Баерн (Минхен) со сензационален кош од центарот на теренот на крајот од втората четвртина од натпреварот меѓу двата тима од Евролигата во 13-тото коло.

На четири секунди пред паузата помеѓу двете полувремиња, Ренфро ја собра топката, стигна до средината на теренот и шутираше кон кошот на Баварците и резултатот беше спектакуларна тројка.

Ренфро го заврши мечот со 18 поени, но Баерн сепак победи со 77-69.