Кливленд кавалирс победи на гости кај Сан Антонио спарс во најинтересниот натпревар од кошаркарската НБА лига игран рано утрово, и со тоа „коњаниците“ ја запреа низата од осум порази по ред.

Победникот беше одлучен после продолжение од пет минути. Во регуларниот дел, Кевин Лав во финишот погоди тројка за изедначување, и го спаси својот тим од пораз. Лав средбата ја заврши со 30 поени и 17 скока.

Лука Дончиќ со осмиот трипл-дабл сезонава, овојпат од 41 поен, 12 скока и 11 асистенции, беше предводник на Далас во триумфот над Детроит. Овој меч се играше во Мексико сити.

РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАРИТЕ ОДИГРАНИ НОЌТА ЧЕТВРТОК КОН ПЕТОК: Бостон – Филаделфија 109:115, Сан Антонио – Кливленд 109:117, Детроит – Далас 111:122, Денвер – Портланд 114:99.