Европратениците денеска предупредија на „многу опасната природа на руската пропаганда“ која е „главниот извор на дезинформации“ во Европа, барајќи носење „силна стратегија на ЕУ“ за нејзино спротивставување, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Во резолуцијата донесена со мнозинство гласови, Европскиот парламент предупреди за заканата од „мешање од странство во изборите“, ако се знае дека повеќе од 50 претседателски, национални или локални избори треба да се одржат во земјите на ЕУ пред крајот на 2020 година „Голем дел од ова мешање придонесува за анти-ЕУ, екстремистички и популистички кандидати“, велат европратениците.
Во овој необврзувачки текст, Парламентот смета дека е неопходно „свесност за кампањите за дезинформации на Русија, кои се главниот извор на дезинформации во Европа“. ЕП потсетува дека случаите на дезинформации што им се припишуваат на руските извори се удвоија од јануари 2019 година (998 случаи) во однос на истиот период во 2018 година (434 случаи). Парламентот „ги повикува Комисијата и Советот да воспостават ефективна и детална стратегија за да се спротивстават на руските стратегии за дезинформација на брз и силен начин“.
Европратениците повикуваат на зајакнување на Работната група „Источен СтратКом“ на ЕУ создаден во 2015 година за да се следи руските дезинформации и да се направи постојана структура со зголемено финансирање. Оваа ќелија во средата повторно го привлече вниманието на страницата наречена „ЕП денес“ која се претставува како „месечно списание со информации за Европскиот парламент“ и речиси половина од написите „се написи со копирање на РТ “(порано Русија Денес, рускиот јавен канал).
Комисијата во јуни посочи дека руски извори се обиделе да влијаат со лажни вести на европските избори, што се одржаа на крајот на мај. Во пресрет на изборите, таа ги повика земјите членки да го координираат нивниот надзор и да го зголемат притисокот врз социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер за да се вклучат во потрагата по дезинформации.