Европратеникот Ангел Џамбаски денеска како гостин во Скопје повторно ја провоцира Македонија и Македонците.
Бугарскиот европратеник го искористи чествувањето по повод 95 години од смртта на македонската револуционерка Мара Бунева за повторно негирање на Македонија и Македонците.
– Се собираме на Кејот на Вардар за да и оддадеме почит на големата Бугарка Мара Бунева и да укажеме поддршка на браќата Бугари во Македонија. Тука присуствуваат Бугари од различни делови, организации, но заедно сме да кажеме многу јасно на владејачките србомански политички елити да ги остават македонските Бугари. Да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната. Браќа Бугари во Македонија, ние Бугарите од Бугарија сме вашиот грб и потпора, нема да ве оставиме и нема да дозволиме никој да биде српечен како да се чувствува, порача Џамбаски.
Тој додаде „нема да дозволиме наметнување на туѓ културно-историски и политички модел на Бугарите во Македнија“.
– Вечна слава на Мара Бунева и вечна слава на сите бугарски херои – рече Џамбаски и ги повика присутните клекнувајќи да и оддадат почит на Бунева.
За навредите ком Македонија и Македонците кои и претходно ги упатуваше европратеникот Џамбаски, македонското МНР не реагираше. Министерот Бујар Османи испрати само вербална нота кога Џамбаски ги спомна и актуелните политичари.
Сѐ уште нема никаква реакција од македонското Министерство за надворешни работи, ниту од Владата по денешните провокации среде Скопје од бугарскиот европратеник Џамбаски и првиот човек на „Преродба“ Костадин Костадинов. Двајца политичари кои според премиерот Димитар Ковачевски, се непожелни во Македонија.
Видеото може да го отворите ТУКА.