Белгија денеска по третпат прими Европски налог за апсење на поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон од шпанскиот Врховен суд, соопшти портпаролката на обвинителството во Брисел.
Таа објасни дека барањето пристигнало на шпански јазик, но според закон требало да биде напишано на еден од трите национални јазици на Белгија или на англиски јазик, поради што Шпанија ќе испрати ново барање следната недела.
– Со оглед на сложеноста на барањето и двата претходни налози против Пуџдемон, за случајот ќе биде потребна темелна судска анализа, изјави портпаролката на обвинителството во Брисел.