Лекари од Македонија кои дипломирале медицина во Бугарија не може да работат во оваа соседна земја затоа што не се декларирале дека се Бугари.
– Лекари од С. Македонија кои завршиле во Бугарија врз основа на бугарско потекло, кои сакаат да добијат право на престој во Бугарија, за да останат и работат тука, се одбиени во барањата за престој во Бугарија, затоа што немале бугарско потекло, а завршиле медицина во Бугарија врз основа на бугарско потекло, објави Фондација Македонија обвинувајќи ја Софија дека тоа е државен хаос кој не и носи ништо на Бугарија во односите со Македонија.
Македонските студенти кои решаваат да студираат на некои од универзитетите, најчесто во Софија, Благоевград и Пловдив, за да ги избегнат високите трошоци за студирање и да добијат стипендија, аплицираат врз основа на бугарско потекло со успехот од средно училиште и со резултатите од државната матура полагана во Македонија.
А доказот, како што објави порталот А1он за бугарското потекло се добива со полагање на приемни испити во Софија кои се состојат од полагање по бугарски јазик и литература, односно бугарска историја и цивилизација. По полагањето секој од македонските кандидати има можност да напише пет места на кои има желба да студира. Оние што имаат најмногу поени на приемните, односно оние што најдобро ја знаат бугарската историја и јазик, го добиваат најдоброто место од листата со пет предложени универзитети.