По отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград, делегации се упатија кон споменикот на Гоце Делчев каде сакаа да положат цвеќе, но беа оневозможени да го сторат тоа.
Полициските службеници од безбедносни причини не дозволија да биде положено цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев каде беа собрани приврзаници на ВМРО-Бугарско национално движење предводени од Ангел Џамбаски кои извикуваа „предавници“.
Зголемено полициско обезбедување имаше и за време на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцарев“, а вербален инцидент се случи и меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бугарски граѓанин кој го нарече Мицкоски предавник.
За разлика од Бугарија, во Македонија, која не е членка на ЕУ и ги напрега сите сили да влезе во Унијата, Бугарите слободно отвораат клубови со имиња на личности од фашистичкиот период, слободно чествуваат свои јунаци и полагаат цвеќиња пред споменици.