Просечниот Романец е речиси двојно побогат од просечниот Македонец, односно има речиси двојно поголема куповна моќ. Според податоците на Евростат, просечната куповна моќ на Романците во 2019 година изнесувала 79 проценти од европскиот просек, додека таа на просечниот Македонец само 43 проценти од европскиот просек, покажува анализата на „Денешен“ на ова последно истражување на Евростат од оваа област.

Тоа значи дека нашата куповна моќ е некаде за 67 отсто помала од куповната моќ на просечниот Европјанин. Со други зборови, ако тој денеска има на располагање 100 денари, ние имаме 43 денари. Ако се споредуваме со просечниот Германец, кој има куповна моќ од 123 отсто од европскиот просек, тогаш излегува дека ние сме речиси три пати посиромашни.

Словенија е на 81 отсто од просечна Европа, Хрватска на 66 отсто, Грците имаат куповна моќ од 77 отсто од европскиот просек (помалку за два отсто од Романија), а Бугарите се на 59 отсто.

Далеку повеќе пари од нас имаат и Турците со 68 отсто и Црногорците со 60 отсто од просечна Европа. Србите се под 50 отсто од Европа и имаат 49 отсто од европскиот просек.

Ние водиме мртва трка со Албанија и Босна и Херцеговина за последните три места. Како што рековме, Македонците имаат 43 отсто куповна моќ во однос на европскиот просек, Албанците се на последно место во Европа со 40 отсто, а позади нас се само уште Босанците со 42 отсто (во статистиката не се вклучени Украина, Молдавија и Косово, така што веројатно има и други несреќници на континентот со кои можеме да тешиме).

Од источно европските земји, приматот го држат Чесите со 85 отсто од европскиот просек

Најбогати во Европа се жителите на Луксембург со 135 отсто, а потоа следат (вистинска куповна моќ по жител или AIC per capita):

Десно на табелата е БДП по жител во однос на европскиот просек. И тука сме на третото место во Европа одоздола, со тоа што заостанувањето на БиХ и Алкбанија е поголемо.

И кога веќе сме кај економските бројки, вреди да потсетиме на изјавата на Зоран Заев по средбата во Стопанската комора од 5 април 2019 година:

-Кога се исполнети сите реформи, кога блескаме во светот, кога држиме лекција на Европа со европски манири и со европски вредности, и со европски начин на однесување, апсолутно не ни размислувам за оставка, одговори Заев на новинарско прашање.

Денешен.мк