Четиринаесетгодишно дете и 51-годишна жена биле искасани од кучиња во два напада што се случиле на исто место во паркот на улица Христо Татарчев во Скопје.

На 20.06.2020 во 15.20 часот во СВР Скопје, И.А.(51) од Скопје пријавила дека во паркот на ул. „Христо Татарчев“ била касната од куче скитник.

На 20.06.2020 во 20,30 часот во СВР Скопје, А.К.(44) од Скопје пријавил дека во паркот на ул. „Христо Татарчев“ неговиот 14 годишен син бил каснат од куче скитник.

Секојдневие станаа случаите на напади од улични кучиња врз граѓани што се регистрираат во полиција.