По одигрување на последниот дуел од четвртфиналната фаза во кој Манчестер сити го совлада Њукасл (2:0), формирани се двојките за полуфиналето во англискиот ФА Куп.

За влез во големото финале ќе се борат:

Манчестер јунајтед – Челзи

Арсенал – Манчестер сити.

Натпреварите ќе се одржат на 18 и 19 јули. Финалето на ФА Купот е закажано за 1 август.