Успехот на Атлетико Мадрид над Алавес ја продолжи успешната серија на „јорганџиите“, кои веќе имаат 4 последователни победи и се цврсто на третото место во Ла Лига.

Победата е под бр.195 за Диего Симеоне на чело на тимот во шампионатни натпревари. Така, Аргентинецот го подобри рекордот на уште една легенда на Атлетико – Луис Арагонес, кој има 194 успеси во шпанскиот шампионат како тренер на Мадрид.

Симеоне ја презеде тренерската позиција на „црвено-белите“ во 2011 година, а досега донесе 7 големи трофеи во витрините на клубот – титулата во Ла Лига (2014), Кралскиот Куп (2013), Шпанскиот Суперкуп (2014), Лигата на Европа (2012, 2018) и Европскиот Супер куп (2012, 2018).