Според податоците за рангирање на степенот на корупцијата во државите во светот, Македонија го достигнува врвот во 2020 година според мерењата спроведени последните 20 години.
Коруптивниот ранг се одредува според официјални податоци и перцепции за корумпираноста на јавниот сектор.
Податоците на Трејдинг економикс и Транспаренси интернешенел за степенот на корупцијата во Македонија се достапни од 2000 година. Најголем раст е забележан во преминот од 2015 во 2016 година каде разликата е 24 поени.
Од тогаш до 2020 година степенот на корумпираност бележи растови и падови, ни ниту еднаш не оди под најниската вредност од 90 поени.
Индексот на корупција е исто така уште еден показател дека корупцијата во македонските институции е во подем од 2016 година до денес. Во оваа категорија вредностите за корупција се на скала од 0 до 100 каде што 0 означува висока корупција а 100 означува чесно работење.
Трејдинг економикс обезбедува точни информации за 196 земји вклучувајќи статистички податоци за изминати години, но и прогнози со повеќе од 20 милиони економски показатели. Нивните извештаи се засноваат на официјални извори, а не на податоци од трети лица.
Извор: Trading Economics
Марко Петревски