Кина спроведува кампања без преседан за да влијае врз американското мислење пред изборите заКонгрес во ноември и претдтавува најголема долгорочна закана за САД, објавија американски безбедносни официјални лица.
Министерката за внатрешна безбедност Кирстјен Нилсен и директорот на ФБИ Кристофер Вреј, потврдија пред сенатски одбор за безбедност дека Кина меша во американските избори и претставува поголема закана од Русија.
Нилсен рече дека постојат две закани кога станува збор за безбедноста на американските избори: една се однесува на јхакирање изборна инфраструктура, а другата се оснесува на кампањи кои имаат за цел влијание врз јавното мислење.
– Кина апсолутно и без преседан се обидува да влијае врз мислењето на американската јавност, но засега не сме забележале обид за загрозување на изборната инфраструктура, изјави министерката. Вреј тврди дека Кина е поголема закана од Русија.