Швајцарскиот тенисер Роже Федерер истакна дека големата поддршка на навивачите ширум светот е една од причините поради кои се уште игра тенис.

– Навивачите ми се исклучително важни во текот на кариерата, се чуствувам како дома каде и да одам, а тие ми помагаат да ги пребродам тешките порази. Тие се една од причините поради кои се уште сум во тенисот, инаку без нив веројатно ќе се повлечев уште пред шест години, истакна Федерер.

Федерер досега има освоено 20 гренд слем титули, а во август ќе наполни 37 години.