По неколку часовниот пад социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм повторно се достапни за корисниците, но само делумно.

Падот на социјалните мрежи ја опфатил цела Европа, но и  САД, соопшуваат корисниците на алтернативните мрежи.

Кај нас во Македнија тоа се случи околу 19 часот, а во соседна Бугарија, мрежите паднале некаде околу 20 часот и 30 минути по бугарско, односно 19,30 часот по македонско време.

Проблемот се актуелизираше во неможност да се поставуваат статуси, снимки и да се коментира. Преку месинџер можеше да се комуницира, но не и да се испраќаат фотографии.

Од ФБ за АП изјавиле дека работат на отстранување на проблемот. Оттаму, не соопштиле кои се причините за падот на мрежите.