Фејсбук повторно се извинува откако обелодени оти повеќе од 14 милиони корисници кои имале приватни профили заради вирус станале јавни, па нивните податоци можеле сите да ги видат.
Компанијата потврди дека инцидентот се случил меѓу 18 и 22 мај кога 14 милиони корисници биле нападнати од вирусот. Без никакво предупредува вирусот приватните профили автоматски ги направил јавни.
Не е јасно колку корисници успеале навреме да ја видат промената, па соодветно на тоа и да реагираат, односно да ги заштитат приватните податоци.
Шефот на Фејбуск за прашања поврзани со приватноста, Ерин Иган, изјави дека проблемот е нотиран и решен.
„Се извинуваме поради грешката“, рече тој.