Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд апелира раководството на клубот од „Олд Трафорд“ да направи напори во летниот трансфер прозорец да ги ангажира Хари Кејн и Џејдон Санчо.

– Кејн отсекогаш бил скромен човек. Тој очекуваше да се остварат неговите соништа во Тотенхем, но тоа никогаш не се случи. Сега е вознемирен. Мислите ли дека Хари ќе биде среќен ако продолжи да постигнува голови, да собори рекорди, но на крајот да не земе ниту еден трофеј во неговата клупска кариера? Според мое мислење, Кејн даде јасна изјава дека сака да освои титули, а тоа е аларм за сите други. На денешниот пазар, можам да кажам дека ќе чини околу 130 милиони фунти. Манчестер јунајтед дефинитивно е способен да го купи. Исто така, гласините го поврзуваат Џејдон Санчо со различни тимови: Челси, ПСЖ и така натаму. Според мој пристрасен поглед, Манчестер јунајтед е совршено место за овој човек. Ако дојде во Манчестер и го земе број 7, тогаш тој ќе игра за „црвените ѓаволи“ 10 години. Има голем потенцијал. Манчестер јунајтед по секоја цена мора да ги потпише Санчо и Кејн, апелира Фердинанд.

Во моментов Кејн е играч на Тотенхем, додека Санчо е член на Борусија Дортмунд.