По натпреварот против Данска и победа на Португалија од 4-2 Бруно Фернандеш посебно го истакна напредокот на Португалија во реализацијата на шансите, а неговите неколку изјави сигурно нема да му се допаднат ниту на Кристијано Роналдо.

„Добро е што сега можеме да создаваме шанси и навистина да ги претвораме во голови. Како тим сме среќни поради тоа“, изјави Фернандеш, по што следуваше лавина од коментари. Навивачите сметаат дека Бруно на овој начин упатил порака кон Кристијано Роналдо.

Португалецот се осврна и на периодот зад репрезентацијата, особено на Светското првенство, каде што неговиот тим не успеа да го оствари очекуваниот резултат.

„Имавме лошо Светско првенство поради нашиот пристап во нападот. Имаше моменти кога создававме шанси, но не успевавме да ги искористиме, а на ова ниво за тоа сте казнети“, рече везистот.