Пилотот на Ред Бул, Макс Ферстапен е победник на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена за Големата награда на Австрија.

Холанѓанецот го искористи проблемите со болидот на Валтери Ботас и Луис Хамилтон и со време од 1:21:56.024 час стигна до првото место.

Зад него завршија возачите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.

Возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон кои стартуваа од првиот ред, не ја завршија трката.

Фетел е нов лидер во Генералниот пласман со 146 бода, пред Хамилтон кој остана на 145, трет е Раиконен со 101 бод.