Шпанскиот тенисер Рафаел Надал очекува добро издание на Грен слемот во Лондон.

– На Вимблдон не дојдов само како турист. Се чувствувам добро и се надевам на добри мечеви и што подалеку да стигнам, изјави Надал.

Тој последен пат на „Ол Ингланд клаб“ триумфира пред осум години, а минатата година беше елиминиран во осминафиналето.

– Се случуваат падови и подеми кај секој спортист. За мене најважно е што сум тука. Се фокусирам на секој натпревар. Имав во минатото и трофеи и финалиња, додаде Надал.

Вимблдон почнува утре и ќе трае до 15 јули.