Во рамки на традиционалниот Фестивал на комедијата „Гола месечина“ вечерва од 21 часот во Спортскиот центар „Ново Лисиче“ ќе се одржи премиера на претставата „Грдиот“ на НУ „Театар Комедија“.
Од прес-службата на Општина Аеродром информираат дека претставата е презакажана од вчера поради технички пречки во електричната инсталација и посочуваат дека билетите што граѓаните ги добиле вчера ќе важат и за вечерва.
Исто така, од општината информираат дека рокада за понеделник е направена и за претставата „Чудесна терапија“ на НУ „Драмски театар“, која според првичниот репертоар требаше да се одржи вечерва.
Во продолжение е изменетиот распоред на претставите:
Четврток (16.9.2021) „Грдиот“ на НУ „Театар Комедија“
Петок (17.9.2021) „Што е силеџија“ на НУ „Театар за деца и младинци“
Сабота (18.9.2021) „Мој термин“ на НУ „Македонски народен театар“
Недела (19.9.2021) „Вообразен болен“ на НУЦК „Трајко Прокопиев“ (Куманово)
Понеделник (20.9.2021) „Чудесна терапија“ на НУ „Драмски театар“.