Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига наместо на 5-ти ќе започне на 12 август.
Фудбалската федерација на Македонија реши за една недела да го пролонгира стартот на сезоната, поради комплетирање на документацијата во процесот за лиценцирање на клубовите за претстојната сезона, информираа од ФФМ.
Така почетокот на сезоната 2018/19 во Првата лига наместо на 5-ти ќе биде на 12 август (недела).
Извлекувањето на двојките е предвидено за 1 август (среда) во 12 часот во „Куќа на фудбалот“.