Светската фудбалска федерација (ФИФА) реагираше на критиките на Диего Марадона упатени кон судијата на мечот од осминафиналето на Светското првенство 2018 помеѓу Англија и Колумбија (1:1, 3:4 пенали).
Аргентинецот го нарече крадец судијата Марк Гејгер. Марадона смета дека американскиот судија им помогна на Англичаните да одат во четвртфиналето.
– Инсинуациите на Марадона се сосема неразумни и целосно неосновани. ФИФА многу жали што е сведок на таквите изјави од играч кој учествувал во пишувањето на историјата на нашата игра, соопштија од светската куќа на фудбалот.