И денеска главна фудбалска тема во светот ќе биде трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус. Тутоспорт открива како се одвивал состанокот вчера вечер меѓу агентот на Португалецот, Жорж Мендеш и еден од директорите на Реал Мадрид, Мигел Анхел Санчез и претседателот на клубот, Флорентино Перез.

Мендеш му кажал на Перез дека Роналдо е разочаран од намалувањето на клаузулата на 100 милиони евра.

Според она што го пишува Тутоспорт тоа бил јасен сигнал дека Перез сакал да се ослободи од него.

Како што пишува италијанскиот весник, Роналдо сега сакал само во добри односи да се збогува со фановите на клубот каде за 9 години постигна голем број голови и донесе многу трофеи.