Франција е на пат да ги избирше „мајка“ и „татко“ од училишните формулари и да ги замени со „родител 1“ и „родител 2“, пишува „Фигаро“.
Предложената измена на соодветниот закон предизвика бурна реакција од партијата на Мари ле Пен.
Предложената измена на законот го поминала првото читање.
Според „Фигаро“, законот во пракса значи дека и во училиштата се признаваат правата на хомесексуалните родители. Поради ова, тој трпи критики не само од десничарите на Мари ле Пен, туку и од републиканците, иако тие се четврта политичка сила во Франција. Тие сметаат дека тој не соодветствува на реалноста и дека претставува негирање на половите.
Наспроти ова, партијата на Макрон смета дека со ова тие стануваат дел од „единственото лоби – тоа на човештвото“.
Сепак, сето ова не значи дека законот лесно ќе помине. Дури и да ги помине сите процедури, може на крај да биде отфрлен од Сенатот.