Филип АНГЕЛОВ

Христијански е да простиш и да побараш да ти биде простено, но јас можам да им простам само на моите деца и да побарам прошка од моите родители!

Дали можеш да им простиш за тоа што кога требаше да ги живеат најубавите години нашите родители останаа без работа и се бореа со животот за да ни го покажат правиот пат и да не насочат на вистинските вредности?

Дали можеш да им простиш за војната во 2001 и за згаснатите животи на нашите бранители и изживувањата врз Македонците?

Дали можеш да им простиш за тоа што терористите ги направија државници со потпишувањето на срамниот договор од Охрид?

Дали можеш да простиш за територијалната поделба на Македонија?

Дали можеш да простиш за тоа што терористите кои убиваа Македонци стана министри, пратеници, директори, а УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ од 27 Април ги направија терористи?

Дали можеш да простиш за сиот криминал и грабеж што се случува во Македонија од осамостојувањето до денес и за тоа никој нема одговарано а и да има пресуда или се аболицирани или пак низ лавиринтите на судскиот систем делата им застаруваат без да одлежат ден во затвор?

Дали можеш да простиш што со лаги, закани и манипулации го сменија вековното име Македонија со онаа срамна придавка?

Дали можеш да простиш за сите лаги, местенки, криминални зделки, уцени, тужби, провизии… срамните договори за „добрососедство” кои се тераат за други цели…?

Има уште многу ДАЛИ, но јас имам само едно… НИКОГАШ!

Само Господ Бог може да ни прости на сите, а ние само на најблиските, само на фамилијата!

За многу години Велики Поклади ПРОЧКА