По две години граѓаните не добија ни повисок стандард, ни поквалитетен живот, ниту подобри услови за живот, ниту, пак, пофункционални институции. Не ги добија ветувањата на Мицкоски и ВМРО пред изборите. Едноставно, граѓаните се излажани, рече  претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција на која презентираше анализа од програмата „Платформа #1198“ која, според него, „ги потврдува неисполнетите ветувања и покажува дека  граѓаните не го добија ветениот подобар живот односно дека владата нема никаков резултат“.

Тој нагласи дека анализата на СДСМ за реализацијата на програмата „Платформа #1198“ покажува поразителни резултати, наведува СДСМ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално.

-Имено, по две години од мандатот на оваа влада реализирани се само околу 10 проценти од ветувањата. 90 проценти од ветувањата дадени пред две години не се исполнети. Практично ништо, истакна Филипче.

Најголемиот неуспех е токму во економијата и животниот стандард, кои беа клучни ветувања на Мицкоски пред изборите.

-Денеска наместо зголемен животен стандард, стандардот е намален во споредба од пред две години. Граѓаните живеат полошо и потешко, паричниците и фрижидерите се попразни, рече Филипче.

Тој додаде дека наместо повисоки плати и подобри услови за живот, граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, високи цени и намалени инвестиции.

-Наместо зголемен стандард, работниците добија зголемена сиромаштија. Наместо зголемување на странските инвестиции, странските инвестиции се намалени за скоро две третини, посочи Филипче.

Филипче оцени дека по две години владеење, Владата на Мицкоски нема резултати во клучните области и дека граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од неисполнетите ветувања.

-Остварените резултати се една голема нула. Во реформи, во животен стандард, во плати, во мерки за млади, поддршка за земјоделци, за наставници, за лекари, едноставно нула за европскиот пат, рече претседателот на СДСМ.

Мицкоски ветуваше подобар живот а донесе поголема сиромаштија, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.  Филипче посочи дека по две години од Владата на ВМРО граѓаните живеат полошо, со намален животен стандард, повисоки цени и поголема сиромаштија.

„Денес, наместо зголемен животен стандард, стандардот е намален во споредба со пред две години. Граѓаните живеат полошо и потешко, паричниците и фрижидерите се попразни. Наместо зголемен стандард, работниците добија зголемена сиромаштија, сиромаштијата е зголемена за 22%.“, рече Филипче.

Тој посочи дека наместо намалена инфалција како што ветуваше ВМРО, трошоците за живот континуирано растат, а македонските работници имаат најниски плати во Европа.

„Се топат платите, растот на цените е огромен, а ние имаме најнизок стандард во регионот, работниците имаат најниски плати во регионот и се најсиромашни. Инфлацијата од 4,8% е скоро двојно поголема од тоа што го предвидуваа во нивната предизборна платформа. Храната е скапа, на годишно ниво поскапувањето е околу 10%“, рече Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека Владата не презеде никакви мерки за справување со високите цени и дека трошоците за живот стануваат неодржливи за најголем дел од семејствата.

„Превисоките цени никогаш нема да се вратат назад затоа што Владата не презеде никакви мерки, а за тоа ние навремено предупредувавме. Во јуни на едно просечно семејство му се потребни за основната потрошувачка кошничка 70.000 денари,и тоа е така димензионирана кошничката, таму се ставени само основните потреби, реалните трошоци не се помали од 90.000 денари. Нема семејство кое може да преживее со под 90.000 денари месечно, посебно семејство со повеќе деца. Но Мицкоски тоа не го интересира, за 600 евра минимална плата тој не сака да слушне“, рече Филипче.

На прес-конференцијата претседателот на СДСМ потсети и на политиките на Владата СДСМ кога минималната и просечната плата континуирано растеа.

„Во 2017 затекнавме минимална плата од 8.000 денари, која што на крајот на мандатот се зголеми скоро три пати 22.500 денари. Просечната плата достигна 40.000 денари“, рече Филипче.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста