Брзината на вакцинацијата во земјава (се мисли на Македонија з.м.) во моментов е повисока и од светскиот и од просекот на сите континенти, тврди министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој во објавата на неговиот профил на Фејсбук тврди дека „бројките на дневно вакцнирани граѓани по глава на жител ја потврдуваат добрата организациј“.
– Во моментов вакцинираме со многу силен интензитет што навистина охрабрува. Бројките на дневно вакцнирани граѓани по глава на жител ја потврдуваат добрата организација и работа во делот на имунизацијата. Брзината на вакцинацијата во земјава во моментов е повисока и од светскиот и од просекот на сите континенти. Ако на 23 јули во С. Македонија се аплицирани вакцини на 0,87% од населението, во Европа тој просек е 0,63%, во Азија 0,57%, во Јужна Америка 0,56%, во С. Америка 0,49%, во Африка 0,02%. Во вкупно вакцинирани граѓани барем со една доза во регионот ги поминавме Бугарија, Албанија, Косово и брзо се доближуваме до светскиот просек. Иако започнавме нешто подоцна заради глобалниот застој во достава на вакцини, сега сериозно надоместуваме и верувам дека ќе продолжиме со ова темпо, објави Филипче на Фејсбук.
Филипче денеска објави оптимистичко предвидување дека до крајот на август Македонија ќе стигне до 500.000 вакцинирани граѓани, што би претставувало една четвртина или 25 отсто од бројот на жители во земјава.