Министерот за здравство Венко Филипче ја демантира информацијата на медиумите каде по неговото гостување во ТВ Сител на емисијата Детектор напишаа дека секојдневно се консултира со поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

„Ја демантирам инфорацијата на медиумот Плус Инфо кој по моето гостување во ТВ Сител на емисијата Детектор напиша дека секојдневно се консултирам со поранешниот Министер за здравство Никола Тодоров.

Мојот одговор беше дека се консултирам со поранешен министер за здравство – колега од епидемиолошката сфера, мислејќи на проф. д-р. Драган Данаиловски чија експертиза од областа на епидемиологијата исклучително ја почитувам.

Барам порталот Плус Инфо да се извини за погрешната интерпретација и во интерес на точно информирање на јавноста да направи исправка“ – министерот Филипче.