Надвор од сите норми и правила, претседателот на СДС денеска не и дозволи на македонската јавност да добие одговор на многу прашања поврзани со неговото неаргументирано и шпекулантско тврдење дека Македонија ќе „увезува“ мигранти од Британија. Со главата надолу, буквално пола секунда по крајот на прес-конференцијата на Бихаќка, каде секојдневен орнамент се децата од Младината на СДС, Филипче со вознемирен поглед буквално излета до говорницата на која го држеше пресот, оставајќи ги новинарите да прашуваат во празно додека тој си заминуваше со нервоза која бликаше од неговата фацијална експресија.
Не добивме одговор дали има еден единствен доказ за шпекулацијата од Британија, во која опозициски медиуми се поткусуруваат со владата во Лондон.
Македонската јавност остана покуса и за одговор, како „лидерот“ на СДС им верува на британски таблоиди без ниту еден факт во шпекулантските текстови повеќе отколку на Британската амбасада во Скопје, на премиерот на македонската држава како и на првиот човек на МВР.
Толку силно и брзо „излета“ од говорницата што не успејавме да дознаеме и дали по објавата во британските таблоиди дека земјата е рамна плоча, Филипче и СДС подготвуваат Резолуција во Собрание за промена на македонските учебници по географија.
Видео плејер




