Времето кое го поминуваме со децата е најважно, објави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска заедно со премиерот Зоран Заев „оперираше“ на планината Беласица.
– Работните обврски си го прават своето, но секогаш се трудиме и наоѓаме време за нашите синови Иво и Душко. Денеска денот е за дружење со децата. Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица, објави Филипче на Фејсбук.
Објавата предизика многу коментари, во некои од нив се поставува прашањето дали се почитуваат здравствените протоколи, бидејќи на фотографиите никој не носи заштитна маска.
На Беласица премиерот и министерот со нивните синови, очигледно е дека пристигнале моторизирани со четирицикли.