Министерот за здравство Венко Филипче е изненаден од изјавата на претседателот Пендаровски дека сликите од Србија, каде минатиот викенд повеќе од 10 000 македонски граѓани се вакцинираа против Ковид -19 во ситуација кога во нашата држава се уште не е почнат процесот на имунизација, се срам за државата.
Во реакцијата до медиумите, министерот за здравство оценува дека вакцинирањето во Србија е одраз на солидарност во услови на криза. Тој посочува и дека покрај македонските граѓани, во Србија се вакцинирале и граѓани од другите држави а ниту еден претседател не рекол дека тоа е срам за неговата земја.
Филипче го критикува претседателот на државата и дека не помогнал во процесот на набавка на вакцини.
“Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана” – вели во писмената изјава Филипче.