Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информира дека лицата кои се во изолација ќе се следат преку мобилна апликација која во моментов се изработува по примерот од европските земји.
-Лицата во изолација ќе бидат следени електронски, тоа е нешто што го работиме заедно со Министерството за администрација и информатичко општество, веќе се озработува една апликација по примерот на повеќе европски земји. Мислам дека е нешто што навистина може да користи, посебно во некои делови земјата, рече Филипче.
Министерот додаде дека апликацијата ќе биде презентирана во јавноста веднаш по нејзиното техничко изготвување.