Сите израелски граѓани мора да носат заштитни маски кога се на јавен простор, како задолжителна мерка за заштита од новиот коронавирус, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Нетанјаху ги повика Израелците да ги поминат претстојните верски празници, вклучувајќи го и еврејскиот празник Пасха, со семејството.

Во Израел, според Министерството за здравство, потврдени се повеќе од 6.000 случаи на заразени од Ковид-19 и 25 смртни случаи од инфекцијата.