-Детално ја проверивме листата на патници која ја добивме од аеродромските служби. Ниту еден од патниците кој бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е на листата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно нема решение за изолација заради позитивен корона тест. После контактот, кој нашето МНР го направи со амбасадата во Стокхолм, која ја покрива и Финска, сега ја чекаме листата со имиња на 24 патници кај кои бил констатирано присуство на вирусот, заради тоа што во авионот имало и државјани на Косово кои во нашата земја може да транзитираат без тест и нема само тие државјани, туку кои било други.

Ова поладнево за Канал 5 телевизија го изјави министерот за здравство Венко Филипче. Министерството за здравство денеска соопшти дека повеќето од 157-те патници кои со авион од Скопје во саботата пристигнаа во финскиот град Турку, од кои 24 биле позитивни на Ковид-19, се државјани на Косово и на Финска, а само двајца се македонски граѓани.

Филипче посочи дека ова е еден мотив повеќе на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести да дискутираат дали евентално и за граѓаните од соседните земји кои транзитираат треба да бараат PCR тестови.

На прашање како тие лица се качиле во авионот, какви се процедурите и колку се почитуваат рече дека доколку некој има решение за изолација, а во овој случај немало тогаш одговорно е МВР да се спроведѕва таа контрола.

– Меѓутоа тоа не е очигледно сценарио. Не знаеме се уште доволно податоци, прво дали се наши и фински државјани со двојно државјанство граѓани или станува збор за државјани на Косово. Кога ќе ги имаме овие информации се надевам во текот на денот можеме да ја имаме и целосната слика за тоа што се случило, истакна Филипче.

Во врска со тоа каква е процедурата за лица кои транзитираат низ државава истакна дека секој може да транзитира има ограничен број часови за влез и излез од земјава и за тоа засега не е потребен PCR тест. На утрешниот состанок, потенцира, ќе го дискутираме ова прашање.

На прашање дали има ли процедура за летовите, како може да седат патниците во одреден авион и дали тој смее да полета со полн капацитет, односно исполнет со патници или треба да се почитува одредена дистанца, рече дека тоа е политика на авиокомпаниите, Филиче рече дека носеле протоколи за нашите локални превозници, автобуси, возови итн., меѓутоа каков е распоредот, колку е пополнет капацитетот е политика на самите авиокомпании.