Министерот кој најмногу не советувал од сите други министри „носете маски, мијте раце и држете дистанца“ за победа над пандемијата, сигурно е Венко Филипче. А колегите и колешките кои сигурно најчесто ги пренесувале неговите совети се тие што го покриваат ресорот здравство во медиумите.

Еве ги и министерот и колегите, среќни и весели, пред Новата 2022 година.

– Новинарите одиграа клучна улога во пандемијата, тие беа партнер на министерството за што секогаш ќе им бидам благодарен. Нивниот фер, коректен и професионален однос придонесе за навремено и точно информирање на граѓаните за исклучително кризна тема. Изградивме одлични односи кои ќе продолжам да ги негувам и по заминување од позицијата. Верувам дека како министерство поставивме нов стандард во комуникацијата преку постојано и транспарентно информирање на јавноста. Вечерва се дружиме во име на одличната соработка, објави министерот во оставка Филипче, на неговиот профил на Фејсбук.

Убава забава, министре, колешки и колеги и… Држете дистанца, носете маски и мијте ги рацете!

(Д.Г.)