Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше за состојбата со коронавирусот и најави можно дополнение на мерката „една доза вакцина“ за влез во молови, ресторани, приредби…
-Една од мерките што сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже потврда за примени две вакцини, односно тоа ќе прерасне во потврда за примени две дози вакцини или целосно вакцинирани лица, рече Филипче.
Тој потенцира дека тоа би се вовело од идниот мресец, согласно анализата на која се работи и која ќе покаже каква е состојбата со заразени по региони, возраст, пол, опфат на вакцинација итн.