На утрешната седница на Владата ќе го разгледуваме новиот предлог за стимулација на матичните лекари. Имаше реакција од поголем број на матични лекари кои ја поддржуваат оваа мерка. Сметаат дека е навистина добра, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по состанокот на Комисијата за заразни болести.

Посочи дека имаат точна анализа и табела направена од близу 1.500 матични лекари кај кои колкав процент од прикрепените пациенти се вакцинирани и дека стимулацијата би била еден вид бонус кој тие би го добиле ако постигнат 70 отсто од вакцинацијата на своите прикрепени пациенти.

– Има методи и начин на кој комуницираат. Тоа го разговарав со колегите, тие се во телефонска комуникација многу често даваат совети на прикрепените пациенти, така што на тој начин, комуникација, апели да ги повикаат да се вакцинираат, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека не му се јавил ниту еден матичен лекар кој критикувал дополнителен стимулативен бонус.

– Имајќи предвид дека оние претходни предлози допираа во нешто што навистина може тешко да се спроведе и ќе отвореше голем број прашања, а тоа е што со оние луѓе кои нема да се вакцинираат. Сепак  голем финанскиот товар е да се тестираат секоја недела, а притоа во делот на казнените и спроведувањето на мерките, им е загрозено и работното место. Ова е нешто на што се фокусиравме, малку поинаков пристап и за тоа ќе ја информирам Владата, истакна Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека не треба да се менува ништо од сегашните мерки што би било финансиски товар за граѓаните. – Нема потреба да тестираат антитела, количина итн. Треба луѓето да се вакцинираат  и тука да заврши целиот тој процес, подвлече Филипче.

Не размислуваме за релаксирање на сегашните мерки

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека не размислуваат да предложат какво било релаксирање на сегашните мерки во делот кој се однесува на угостителските објекти.

Во ситуација кога и покрај тоа што е релаксирано во болниците во смисла на тоа што има слободен број кревети, сепак, посочи министерот, е временски период кога можно е да има нови случаи на Ковид-19 заради зголемување на ризик факторите.

– Ова време луѓето се повеќе во затврорена просторија, ова е време на сезонски грип, на настинки, така што не размислуваме да предложиме какво било релаксирање на сегашните мерки во делот кој се однесува на угостителските објекти, додаде Филипче.