Министерството за здравство останува отворено за сите, а јас и натаму останувам посветен на здравствени политики во интерес и за доброто на сите граѓани, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.
Како институција, пишува Филипче, продолжуваме да ги слушаме потребите на граѓаните и заеднички со пациентите, невладините организации и здравствените работници да создаваме здравствен систем каде пациентите сѐ на прво место.
-Наша цел се задоволни пациенти, вреднувани и мотивирани здравствени работници. Продолжувам неуморно и посветено да работам на ова, граѓаните го заслужуваат најдоброто, граѓаните заслужуваат квалитетно јавно здравство достапно за сите!, напиша на ФБ Венко Филипче кој и во новата влада ќе ја извршува функцијата министер за здравство.