Комисијата за заразни болести на владата ќе и предложи сите економски оператори да имаат крај на работното време во 23 часот односно, еден час пред полноќ се ќе мора да биде затворено.
Покрај оваа мерка, Владата ќе предложи и 50% намалување на капацитетите во јавниот превоз.
– Ако овие мерки не дадат резултат, следниот чекор ќе биде полициски час, најави Филипче на прес конфернецијата која е во тек.
Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да се почитуваат мерките за да не мора да се оди кон нивна дополнителна рестриктивност.