Пристигнаа дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вакцините Фајзер, а за кратко време ќе биде склучен договорот со овој производител на вакцини против Ковид 19, објави вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
– Сите дози резервирани вакцини ќе бидат испорачани со таа динамика како што беше најавено од овој производител. Направен е и планот за вакцинација и ќе се одвива во три фази. Во планот е прецизирано кои групи граѓани во која фаза ќе се вакцинираат. Нашиот здравствен систем е целосно спремен за вакцинација и во месец февруари се очекува да пристигнат првите дози вакцини на Фајзер и Ковакс механизмот, објави Филипче на својот официјален профил на Фејсбук.
И така сега, вакцини се чекаат, ама барем имаме дел од фрижидерите за чување на вакцините кои ги немаме.