Запрашан за тоа дали неговото дете ќе го пушти во училиште, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека засега тоа ќе следи онлајн настава.
-Сите ние го посакуваме најдоброто за нашите деца. Заштитата на здравјето е приоритет. Моето дете е 9-то одделение, но јас ги почитувам сите препораки. Тогаш кога ќе има услови за физичко присуство, тоа ќе оди во училиште, рече Филипче.
Како што е познато, Филипче и во текот на претходниот мандат, „приватно“ демонстрираше како треба да се штитат децата, со навремена вакцинација. Од тогаш е и фотографијата, која ја објавуваме, на која министерот за здравство „вакцинираше“ дете близок роднина.
Подоцна јавноста откри дека „вакцинирањето“ било со заштитна пластика на иглата, односно нема боцкање туку само позирање и сликање.