Состојбата со Ковид-19 е многу сериозна, објави пред малку министерот за здравство, Венко Филипче.

– Денеска кај претседателот Стево Пендаровски ги презентирав анализите на министерството во однос на пандемијата и разговаравме за следните чекори кои треба да се преземат. Советот за безбедност препорача прогласување на кризна состојба во цела држава во траење од 30 дена. На тој начин, полицијата и војската ќе можат да работат заедно, Армијата на РС Македонија ќе има поголеми можности за поддршка на надлежните институции, пред се, на здравствените установи. Владата на РС Македонија ќе може да управува со ресурсите на органите на државната управа, на јавните претпријатија, на општините и на градот Скопје, како и со ресурсите на приватните здравствени установи во зависност од потребите, објави Филипче на Фејсбук.