Утре се пушта сајтот за пријавување за вакцинација во нашава земја, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој ова го кажа по обиколката на Поликлиниката Бит Пазар каде се сместени фрижидерите планирани за складирање на вакцините на кинески „Синофарм“ кои веќе се порачани и се очекуваат да пристигнат со авионски транспорт до крајот на месецот.
– Ќе може да се пријави буквално секој за вакцинација, а системот автоматски ќе ги генерира приоритетните, рече Филипче.
Министерот не најави заострување на мерките затоа што бројките на новозаразени не се толку алармантни, но се следи британскиот сој на коронавирусот кој од минатиот месец е присутен и во Македонија.