Бројот на жртвите од тајфунот Мангхут и монсунските дождови на Филипините достигна 127 лица, јави ДПА, повикувајќи се на податоци на локалната полиција.
Вкупно 111 лица се сметаат за исчезнати во таа временска непогода.
Неколку дена откако тајфунот помина низ Филипините, поројни монсунски дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во централната провинција Цебу. Таму, најмалку 57 лица се сметаат за исчезнати, а 29 се потврдени жртви.
Филипините се погодени од просечно 20 циклони годишно што предизвикуваат поплави, лизгање на земјиште и други инциденти.
Во ноемви 2013 година, тајфунот Хајан усмрти над 6.300 лица, а над четири милиони беа принудени да ги напуштат своите домови.