Двајца спасувачи загинаа во борба со свелечиштата што ги предизвика моќниот тајфун Мангхут на Филипините.

–  Пријавени се над 40 случаи на лизгање на земјиште во северниот регион Кордилера, наведе Рикардо Џалад, извршниот директор на Националниот совет за управување со ризиците.

Тој додаде дека при операцијата досега се загинати двајца спасувачи, предупредувајќи дека бројот на жртви може да се зголеми.

– Спасувачките екипи постојано пријавуваат нови штети предизвикани од тајфунот, посочи Џалад.

Две жени загинаа во градот Багио при лизгање на земјиште. Нивните тела ги пронајде полицијата откако пропаднал дел од рид, поткопан од обилните дождови.

Тајфунот Мангхут ослабна над северниот дел на Филипини и се очекува вечерва да излезе надвор од територијата на Филипините, објави ДПА.

Брзината на постојани ветрови падна на 170 километри на час, со налети до 260 километри на час.

Мангхут се движи кон запад со брзина од 25 километри на час кон јужниот дел на Кина.