Во вооружен напад во северозападниот дел на Нигерија загинаа најмалку 11 лица, а 20 се повредени.

Полицијата соопшти дека непознати лица пукале во група луѓе кои се собрале за да одат во кино на отворено.

Повредените лица се хоспитализирани и започната е истрага за нападот.