Продукциската куќа Фокс ги откупи правата за филм заснован на „The Purloining Of Prince Oleomargarine“ (Крадливиот принц Олеомаргарин), новооткриена приказна на американскиот писател Семјуел Ленгхорн Клеменс, попознат како Марк Твен.
Твен ја почнал бајката во Париз во 1879 година, пишувајќи ја за неговите ќерки, но приказната останала недовршена. По неговата смрт, писателите Филип и Ерин Стед ја комплетирале сагата користејќи белешки кои се чуваат во архивите на Универзитетот Беркли.
Приказната е за сиромашно момче кое сретнува жена што му дава волшебне семе, и тоа ќе му го промени животот.